SEMINARS/СЕМИНАРИ

Few sentences about the seminars are bellow:
Неколку реченици за содржината на семинарите:

“Discrimination of women on the employment market”
We 1.7.
Guest speakers:
Toni Joveski, CCM – Association of Trade Unions,  Prilep
Monika Taleska, freelance journalist

Seminar will focus on the aspects of discrimination of the women on the employment market. Toni Joveski will present the findings and experiences of the trade union about women working rights. Monika Taleska will present the journalist view and coverage of this subject in Macedonian media.

“Дискриминацијата на жените на пазарот на трудот”
СР 1.7.
Говорници/говорнички:
Тони Јовески,  ССМ – Сојуз на Синдикатите, Прилеп
Моника Талеска, независна новинарка

Семинарот ќе се фокусира на аспектите на дискриминација на жените на пазарот на трудот. Тони Јовески ќе ги презентира сознанијата и искуството на синдикатот околу работничките права на жените. Моника Талеска ќе го презентира новинарското гледиште  и покриеност на ова прашање во Македонските медиуми.

———————————————————————————————–

Disciplining of female body
Fr 3.7.
Guest speakers:
Collective from Akcija zdruzenska

The objectives of this seminar are demystification of the mechanisms of control and disciplining the female body in the popular discourses. The focus will be put on the female magazines and the commercials that they contain. Selecting couple of representative photos and texts, together with the audience, we are expecting to detect the ways of constructing the visual representations of the female body, the messages they hide and to reveal the complex and the two-way relations between the photographs and the body from flesh and blood. The final objective to this short workshop is: critical reading of the myth for female beauty.

Дисциплинирање на женското тело
ПЕ 3.7.
Говорници/говорнички:колективот на Акција Здруженска

Овoj семинар има за цел да ги демаскира механизмите на контрола и дисциплина на женското тело во популарните дискурси. Фокусот ќе биде ставен на женските списанија и рекламите кои се наоѓаат во нив. Одвојувајќи неколку најрепрезентативни слики и текстови очекуваме заедно со публиката да ги детектираме начините на кои се конструираат визуелните репрезентации на женското тело, пораките кои ги кријат и да ги откриеме комплексните и двонасочните релации меѓу сликите и телото од крв и месо. Крајната цел на оваа кратка работилница е критички читање на митот за женската убавина.

Advertisements
%d bloggers like this: