PARTICIPANTS/УЧЕСНИЧКИ И УЧЕСНИЦИ

Bands/Бендови:

BERNAYS PROPAGANDA (Macedonia)

Macedonian band BERNAYS PROPAGANDA could be shortly described as dance-able new-wave/post-punk band with charming female vocals. But don’t be misled, we are talking here about extremely political band influenced by a variety of bands, from “Submission Hold” over “Fugazi” all the way to the “Gossip” and “Gang of Four”. Firm drum beats accompanied with thick and groovy bass lines are the base upon which layers of funky and broken guitar chords are placed, and above all comes unique, strong and remarkable female voice as a cherry on the top of the icing. Were lunatic enthusiasm, bursting energy and catchy atmosphere already mentioned? Maybe this is the reason why BERNAYS PROPAGANDA is deeply rooted in d.i.y. hard core scene.

BERNAYS PROPAGANDA (Македонија)

Македонскиот бенд BERNAYS PROPAGANDA може да се опише како игрив newwave – пост панк бенд кој има шармантен женски вокал. Но немојте да бидете заведени, ние овде говориме за изразено политички бенд под влијание на разни бендови, од Submission Hold преку Fugazi си до Gossip и Gang of Four. Цврстите удари на тапаните придружени со дебели и длабоки бас линии се основата врз која се сместени пластови од фанки искршени гитарски акорди а пред сè, како шлаг на тортата доаѓа уникатниот, силен и извонреден женски вокал. Дали веќе ги споменав лудачкиот ентузијазам, експлозивната енергија и заразната атмосфера? Можеби затоа што Бернајс Пропаганда пуштил длабоки корења во d.i.y. hard core сцената.

————————————————————————————————————————————————————————————

DJ VERA Umka (Macedonia)

Born in Germany, DJ VERA Umka loves every form of art expression. In the ’80s & ’90s, she had a mystique experience with the alternative, grunge, avantgard, rock, trip, hop, electronic music.  She started with painting, photography and wanted to explore more, beyond the horizon and found a passion in becoming a DJ.
DJ-ing was a new experience for her. In the middle of ’90s, she organized an art group with her friends, making origami, paintings, design decorations for parties, photography, graffiti, exhibitions and DJ perfomances.  They were trying to show a different perspective of life by working with different yet natural personalities of individuals. The idea was to be more open by creating new moments without influence from the conservative society and to move forward with
contemporary art.   This encourages acceptance for different forms of expression. Her priorities are human rights, expressed intellectually, sometimes with a rebellious streak, spoken via music and every kind of art forms.

DJ VERA Umka (Македонија)

Родена во Германија. Сака секаков вид уметничко изразување. Во ’80 и ’90 има мистични искуства со алтернатива, гранџ, авангарда, рок, трип, хоп, електронска музика… Започна со сликање, фотографирање со желба да истражувам уште хоризонти… Постанувањето диџеј беше ново искуство за неа. Во средината на `90 учествуваше во ликовни групи со пријателите: оригами, слики, дизајн, фотографија, диџеј настапи, графити, изложби… претставувајќи ги различните аспекти на животот низ вообичаените поведенија на поединците. Идејата е да се биде поотворен за создавање на нови моменти, без влијание на конзервативното општество, само да се придвижи чекор напред кон современата уметност, прифаќајќи ги различните начини на изразување. Нејзините приоритети се човековите права па затоа го одбира изразувањето преку интелектуален пат, иако понекогаш бунтовен, сепак најдобар. Сака да зборува низ музиката, низ секаква уметност, мултимедија, фотографија…

————————————————————————————————————————————————————————————

Fighting Windmills (Macedonia)

Fighting Windmills is a band from Skopje, Macedonia. The band consists of  Booka (guitar and vocals), BumBar (bass), Ena (violin and vocals), Nina (drums), Nikola (trumpet). Their jaw-breaking records showcase band gigs with well-known names like “The Toasters” and “Elvis Jackson”, many Macedonian and Balkanl bands, such as “Ringispil”, “Jabolko za Daskalot”, “White Noise in The White Room”, “Kulturno Umetnichki Rabotnici”, “PMG Kolektiv”, “Dz Dz”, “Pivoland Skopje” and many others. The most lauded moment show of the band, was the one at the Exit festival in the summer of 2008. In mid-2008, they recorded the album “Agrarni reformi i varijacii na tema” [Agrarian reforms and variations of the same] containing 15 tracks. The album was later released for Lithium Records, one of the top Macedonian music labels. The grand promotion happened as part of the 10th Taksirat Festival in November 2008, as the band shared the stage with one of the most popular post-yugoslav acts, Rambo Amadeus.
“Fighting Windmills” is currently working on their second album which will released in 2009/2010.

Fighting Windmills (Македонија)

Fighting Windmills е бенд од Скопје, Македонија: Боок (гитара и вокал), Бумбар (бас), Ена (виолина и вокал), Нина (тапани) и Никола (труба).

До ден денес тие имаат свирено со значајни имиња од македонската, регионалната и светската сцена како: The Toasters, Ringispil, Elvis Jackson, Јаболко за Даскалот, White Noise In The White Room, Културно Уметнички Работници, PMG Колектив, Dz Dz… свиреа и на првиот Скопски Пиволенд, и на многу други места. Најзначајниот настап на бендот е настапот на EXIT фестивалот во Нови Сад, летото 2008 г. Истата година го снимаат албумот „Аграрни реформи и варијации на тема…“ кој содржи 15 песни, издаден за Литиум Рекордс. Големата промоција на албумот се случи како дел од Таксират 10 фестивалот, на која бендот ја делеше сцената со Рамбо Амадеус. Fighting Windmills моментално работат на нивниот втор албум кој треба да биде издаден кон крајот на 2009 г. или почетокот на 2010 г.

————————————————————————————————————————————————————————————

Graham Young (Macedonia)

Graham Young is a psychedelic- pop band which has been around in town for more than a year.  Their existence is a result of a common interests and similar musical background. Graham Young likes to experiment with the instruments including the polyphonic vocal interpretation.

Graham Young (Македонија)

Graham Young е психоделичен – поп бенд од Македонија, кој постои повеќе од една година. Неговото постоење е резултат на заеднички интереси и слична музичка позадина. Бендот сака да експериментира со инструментите, вклучувајќи ја и полифоната вокална интерпретација.

————————————————————————————————————————————————————————————

LIRA VEGA (Serbia)

The band LIRA VEGA came together and began playing in 1998, as part of the theatre troupe „Hat Theatre“ led by Belgrade artist Ljudmila Stratimirović. The team which comprises the band today joined forces while working on the play “Winter, Dreams or Travel in all Directions.” The fruit of shared work was the music used in the play. In the summer of 2002, material was recorded for the debut album entitled “LIRA VEGA” and issued by the record company PGP- RTS in April 2004. The album features 12 songs. All this while, the group has been playing numerous concerts – across Serbia proper and former Yugoslavia, as well as abroad (Germany, Poland). Since October 2008 the group has been a trio (guitar, drums and vocals).The release of the new album „Sreća i ljubav“ (“Happiness and Love”) is expected in Autumn 2009, the record company being PGP-RTS once more.

LIRA VEGA (Србија)

Членовите од бендот Лира Вега се среќаваат во 1998 г. во склоп на театарската дружина „Hat theater” која ја предводи белградската уметничка Људмила Стратимировиќ. Со заеднички сили работат на претставата „Зима, Соништа или патување во сите правци“ и плод на тој ангажман е музиката од таа претстава. Во летото 2002 г. го издаваат албумот „Лира Вега“ од издавачката куќа ПГП – РТС на кој има 12 песни. Во меѓувреме Лира Вега има направено многу концерти низ Србија и земјите од поранешна Југославија како и во Германија и Полска. Од октомври 2008 г. групата е трио (гитара,тапани и вокал). Наесен се очекува новиот албум „Среќа и љубов“ под издаваштво од ПМГ – РТС.

————————————————————————————————————————————————————————————

MY NAME IS ANN (Czech republic)

Project „MY NAME IS ANN!“ is a two-women music and dance project of experimental electronica, founded in 2005 by Lenka Moravkova, who is a musician and journalist from Prague, Czech Republic. One of the contrasts of the MNIA project is between banality and intellectual attitude, which comes from the conviction that secret rules of the universe are hidden in a simple CIPHER KEY and music is one of the manners which facilitates the way to reach these targets in an INTUITIVE way. This is also reflected in the choice of music and instruments used during the gig, ranging from “traditional” saxophone and voice parts to musical TOYS (piano and guitar for children) and a live-operated laptop, SYNTHI effects controller and visuals.The general conclusion of whole universe of project My name is Ann! is to alter or adapt intimate life for new use in music or any visual form without changing the essential form or NATURE of it. WELCOME TO ANNWORLD!

MY NAME IS ANN (Чешка)

MY NAME IS ANN е музички и танцов експериментално – електронски проект на две девојки кој е формиран во 2005 г. од страна на Ленка Моравкова, музичарка и новинарка од Прага. Еден од контрастите од MY NAME IS ANN проектот е оној помеѓу баналноста и интелектуалниот став, кој доаѓа од убеденостa дека тајните закони на универзумот се кријат во едноставна шифра и музиката е една од формите која помага тоа да се разоткрие на интуитивен начин. Тоа исто така се одразува врз изборот на семплови и инструменти кои се користат за настапите – од обичен саксофон, вокални семплови, до музички играчки (пијано и гитара за деца) како и изведби во живо на лаптоп, sinthi ефекти и анимации. Главната поента на целиот проект е да се измени или прилагоди  нивниот интимен живот како музичка или визуална форма без да се измени неговата суштина или природа. Добредојдовте во Светот на ANN.

————————————————————————————————————————————————————————————

Sludge (Macedonia)

Sludge was formed in December 2008.  Members of the band are: Brane(guitar) Lisec (bas guitar) i Tejka (drums). They play grunge spiced up with hardcore, punk, metal and all lived and wild.

SLUDGE (Mакедонија)

Sludge се оформени во месец декември 2008. Членови на бендот се: Бране (гитара), Лисец (бас) и Тејка (бубанј). Свират гранџ со примеси на хардкор, панк, метал и се живо и диво.

————————————————————————————————————————————————————————————

Ž/BUKA (Croatia)

This all-women band was formed in Zagreb (Croatia) at the beginning of 2005.  Ž/BUKA stands for Ženska Buka (Croatian) which means Women’s Noise. There is no specific genre which can easily describe Ž/BUKA’s music: certainly it is not noise as the name of band suggests, where one critic defines it as post/punk psychedelic rock, instead Ž/BUKA  likes to say that their music is just extension of what is happening in their heads, coming in the form of a range of women’s feelings through melodic expressions. Ž/BUKA recorded 2 demo albums and is preparing to record full length album this Autumn 2009.

Ž/BUKA (Хрватска)

Женски бенд формиран во Загреб (Хрватска) на почетокот од 2005 г. Означува Женска Бука (хрватски) што значи Женска Врева.Не постои специфичен жанр кој лесно може да ја опише нивната музика. Сигурно вревата не е тоа што би ги карактеризирало, некои критичари ги дефинираат како пост – панк психоделичен рок, А Ж/Бука велат дека нивната музика е само проширено видување на тоа што им се случува во нивните глави. Тоа е мелодична експресија на сите женски чувства. Ж/Бука има издадено два демо албуми и припрема следен.

————————————————————————————————————————————————————————————

Guest speakers/говорници/чки:

Akcija Zdruzenska is a non-profit organization established in July 2004 with a main office in Skopje, as part of the strategic transformation of the Women’s Program within the Foundation Open Society Institute – Macedonia. Its work is based on several-year experiences in developing and implementing programs for promotion and development of the women’s movement.

Акција Здруженска е непрофитна организација основана во Јули 2004 година со седиште во Скопје, во рамките на стратешката трансформација на Програмата за жени на Фондацијата Институт отворено општество- Македонија. Нејзината работа се темели на повеќегодишно искуство во развивање и имплементација на програми за промовирање и развој на женското движење.

————————————————————————————————————————————————————————————

Nesime Salioska, coordinator of NGO ROMA SOS – Prilep – functioning as a Health Advising Center “Closer to Romani women’s Health 2008/2009.
Activist in NGO sector from 2004 year on the issue of Romani women and their condition in the society and community. Focus of influence: health and human rights.

Несиме Салиоска, координаторка на НВО РОМА СОС – Прилеп – функционира како Здравствено Советувалиште “Поблиску до здравјето на жената Ромка” 2008/2009. Активистка во НВО сектор од 2004 година ха прашањето на жените Ромки и нивната состојба во опшеството и заедничата. Фокус на делуванје: здравство и човекови права.

————————————————————————————————————————————————————————————

Enisa Eminovska, activist for human rights of women and Roma people. Doing filed activism with beggars’ families and Roma refugees  from Kosovo in Macedonia. Inspired by Emma Goldman, Audre Lorde, Virginia Woolf, feminisms in the global south. Interested in tribal politics, poverty, visual anthropology, gender and sexuality, indigenous peoples/cultures.

Ениса Еминовска, активистка за човекови права на жени и Роми.Теренски активизам со семејства кои питаат и Роми бегалци од Косово во Македонија. Инспирирана од Emma Goldman, Audre Lorde, Virginia Woolf, феминизми од глобалниот југ. Ја интересира: племенска политика, сиромаштија, визуелна антропологија, род и сексуалност, домородни култури/заедници.

————————————————————————————————————————————————————————————

Advertisements
%d bloggers like this: